Преку апликација на мобилните телефони на Кипар ќе се следат контактите на заразените со Ковид-19

Од:

За полесно пронаоѓање на контактите на новите позитивни случаи на Ковид-19 на Кипар, воведена е апликација на мобилните телефони, преку која со помош на локацијата ќе се следат движењата на заразените лица како и нивните контакти.

Целта на апликацијата „CovTracer“ е да се запре ширењето на коронавирусот на Кипар.

– Со проверката на рутата што ја следел корисникот, може во секое време да се лоцираат и други граѓани кои биле во близина на заразениот случај и доколку тие луѓе ги преземат соодветните чекори, можат да го намалат ширењето на заразната болест, пишува во објаснувањето на апликацијата.

„CovTracer“ функционира на начин на кој корисникот започнува да ги снима неговите локации со помош на GPS, а сите информации остануваат во уредот и целосно се почитува приватноста на корисникот.

Во случај да биде дијагностициран Ковид-19, доколку сака доброволно, корисникот ги споделува податоците за неговите локации и движења во изминатите две седмици.

Во продолжение, епидемиологот ги проверува овие информации и презема активности, како на пример, да се евакуираат делови, да се дезинфицираат простори или да ги информира граѓаните кои биле во контакт со заразениот

Паралелно, корисникот, преку апликацијата, може анонимно да ги види податоците за локациите и за движењата на потврдени случаи на Ковид-19, кои во време и простор се совпаѓа со неговите движења. Во овој случај, корисникот ќе треба да контактира со надлежните органи и да побара совет, особено ако има и симптоми.

Првата верзија е наменета исклучиво за оние лица кои мора да работат (на Кипар е во сила забрана за движење), додека за останатите граѓани препораката е да останат дома.

Апликацијата сега е достапна само на официјалниот сајт и се очекува дополнително да биде и на Google store и Apple.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска