Преговорите меѓу Белград и Приштина се соочуваат со проблеми

Од:

Директорот на Балканската група од Приштина, Наим Рашити оцени дека процесот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово е во големи проблеми поради пречките со примената на постигнатите договори, но и поради политичките случувања во двете земји.

– Тоа предизвика премиерите на двете земји да не можат да го продолжат дијалогот, истакна Рашити, пренесува „Блиц“.

Тој оценува дека овој процес, колку и да е важен, не успеал да помогне во создавање впечаток дека навистина доаѓа до нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Поранешниот шеф на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ, кој го започна преговарачкиот процес во 2011 година, истакна дека Брисел не обрнува внимание на тоа дека прекините на преговорите меѓу Приштина и Белград стануваат честа појава, а дека успесите во тој процес се исклучок.

Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Улрике Луначек изјави дека европскиот мировен проект нема да заврши додека шест западнобалкански држави не станат членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски