Преговарачите напредуваат, ама Дачиќ чека

Од:

Преговорите се сега најинтезнивни, велат лидерите на коалицијата СПС-ПУПС-ЈС кои што наводно се согласиле да коалицираат со ДС и да го поддржат Борис Тадиќ за премиер на Србија.

Истите работи ги велат веќе 40 дена по изборите и речениците: „Владата е при крај“, „Попладне ќе има нова влада“ итн. станаа шифра која значи : не се договоривме.

Претседателот на Социјалистичката, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека се работи на формирање парламентарно мнозинство, со однапред договорени цели и структури.

Тој додаде дека неговата партија ќе го поддржи Тадиќ за премиер, затоа што таа партија освои најмнпогу гласови на изборите, доколку се уште останува во игра ДС.

„Тој став не е променет, ниту пак тоа ќе се промени”, рече тој.

Преговорите, „интензивирани“ продолжуваат и наредната недела и во игра се сеуште повеќето партии.

Драган Бујошевиќ, главен уредник на “Политика” за Б92 коментира дека постојат три опции: мала влада, коалиција околу ДС со СПС и некоја мала партија, малку поголема влада, значи дека со претходно набројаните доаѓа и ЛДП, и поголема влада кога ќе се додаде во оваа мешавина и УРС.

Тоа е всушност големото мнозинство кое Дачиќ се уште го чека бидејќи за првпат пред него стои можноста да стане премиер и министер за внатрешни работи, ако успее да формира влада со прогресивците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ