Предлогот за Статутот на Војводина потврден, следи усвојување во Нови Сад

Од:

Српските пратеници денеска дадода претходна согласност на Предлогот на Статутот на Војводина, кој го дефинира Статутот како највисок правен акт на Војводина, кој мора да биде во согласност со Уставот и законот и кој се враќа во покраинскиот Парламент на усвојување, јави Танјуг.

„За“ гласаа 186, против беа пет, воздржани двајца и не гласаа шест пратеници.

За време на расправата нагласено е дека Војводина е неотуѓив дел на Србија, но и прашањето како автономијата на покраината се доживува во Србија „како закана, односно дали за неа навистина се залага или верува декларативно“.

Предлогот на Статутот на Војводина претходно го усвои Собранието на Војводина со 99 гласови, а по завршувањето на расправата во републичкиот Парламент тој документ се враќа во покраинскиот на прогласување, за што пак е потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници, кои во покраинскиот Парламент се 120.

Војводина е автономна територијална заедница на Србија, во која граѓаните остваруваат право на покраинска автономија, во согласност со Уставот и законот и е неодвоив дел од Србија, во која се негуваат европските принципи и вредности, наведено е во Членот 1 од Статутот.

Би можело да ве интересира

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна

Протести во Нови Сад и Белград, блокирани се неколку факултети

ВИДЕО: Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Експлозија во фабрика во Војводина, двајца работници загинаа, двајца се тешко повредени

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад