Пред предвремените избори во Словенија во анкетите води Партијата на Миро Церар

Од:

Шест дена пред предвремените парламентарни избори во Словенија најпопуларна е новата левоцентристичка Партија на Миро Церар, пред Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, кој од крајот на јуни е на издржување на двегодишната затворска казна за земање поткуп.

Според анкета на љубљанскиот весник „Дело“, Партијата на Миро Церар има поддршка на 28,7 проценти од анкетираните, а демократите на Јанша уживаат доверба на 15,1 отсто од избирачи.

Трета е Демократската партија на пензионерите на Словенија (ДеСУС) на Карл Ерјавец со 4,7 проценти, а четврта е партијата Социјални демократи (СД) на Дејан Жидан со 3,8о отсто.

За партијата на премиерот во оставка Аленка Братушек би гласале 3,6 отсто од анкетираните, а за Нова Словенија – Христијанска народна партија (НСИ) на Људмила Новак – 2,7 проценти.

Останатите партии би добиле под два процента од гласовите.

Над 40 проценти од избирачите уште не решиле за кого ќе гласаат или воопшто нема да гласаат.

Анкетата е направена минатата недела врз репрезентативен примерок од 650 испитаници.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он