Постигнат извесен напредок во техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина

Од:

Во техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина за телекомуникациските и енергетските прашања денеска е забележан извесен напредок, но не е постигнат конкретен договор, изјави во Брисел шефот на српскиот преговарачки тим Дејан Павичевиќ.

По средбата со косовската делегација Павичевиќ изјави дека тоа бил конструктивен разговор и дека ќе претставува стимул за очекуваниот договор на највисоко политичко ниво. Тој додаде дека целта на техничките преговори во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина е да се обезбеди снабдување со електрична енергија и работа на телекомуникациската мрежа во српските општини на Косово.

Во денешниот дијалог од српска страна учествуваа министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ и министерот за енергетика Зорана Михајловиќ. Косовската делегација беше предводена од вице-премиерот Едита Тахири. Во разговорите учествувал и директорот за Западен Балкан во Генералната дирекција на Европската комисија за проширување Пјер Мирел.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија