Поранешниот романски премиер Понта ја препишал докторската дисертација, пресуди Врховниот суд

Од:

Романски суд го прогласи поранешниот премиер Виктор Понта за виновен за плагијат, беше потврдено денеска.

Врховниот суд во Романија открил дека поранешниот премиер плагирал големи делови од неговата докторска дисертација. Тој го сторил тоа со едноставно копирање на составните делови на други текстови и вклучување во дисертацијата без наведување извори, со што ги потврди наводите во обвинението, поднесено во 2012 година, што Понта се обидуваше да го оспори.

Научното списание „Nature“ беше првото што укажа на плагијат во дисертацијата на Понта, по што етичкиот комитет на универзитетот во Букурешт едногласно потврди дека Понта препишал 115 од 297 страници содржани во неговата дисертација.

Понта (47) беше премиер на Романија од мај 2012 до ноември 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија