Половина од Словенците го поддржуваат условувањето на Хрватска

Од:

Речиси половина од Словенците сметаат дека Словенија треба да ја услови ратификацијата на хрватскиот договор за пристапување кон Европската унија со прашањето за Љубљанска банка, покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе љубљанскиот весник „Дело“.

На прашањето „Го поддржувате ли ставот на Словенија, кој неодамна го изнесе министерот за надворешни работи Карл Ерјавец дека решавањето на прашањето со Љубљанска банка е услов за почеток на постапката за ратификација на хрватскиот договор за пристапување?“ 49 отсто од анкетираните одговориле потврдно, 36 негативно, а 15 отсто се изјасниле како неопределни.

Словенечката и хрватската Влада неодамна именуваа по еден финансиски експерт, кој ќе се обиде да дојде до решение за проблемот за побарувањата на хрватските штедачи од Љубљанска банка.

Ерјавец неодамна изјави дека Љубљана и натаму стои на ставот дека побарувањата на хрватските штедачи кон Љубљанска банка од времето на поранешна СФРЈ е прашање на сукцесија и оти хрватската Влада требала да го повлече полномоштвото, со кое ги поддржала тужбите на Загрепска банка и Стопанската банка Загреб против Љубљанската банка за дел од заштедата, кој е пренесен во хрватскиот јавен долг.

Хрватска од своја страна смета дека ратификацијата на договорот со ЕУ и прашањето на Љубљанска банка не се поврзани на ниту еден начин.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он