Почна судењето на екс-командантот на силите во Србереница, Насер Ориќ

Од:

Во Сараево денеска почна судскиот процес против поранешниот командант на муслиманските сили во енклавата Сребреница, Насер Ориќ, кој е обвинет за злосторства врз Србите за време на Војната во Босна и Херцеговина, која траеше од 1992 до 1995 година, јави Фена.

Ориќ беше уапсен на 10 јуни 2015 година во близина на Женева врз основа на потеница издадена од Србија во 2014 година. На 26 јуни швајцарските власти му го предадоа Ориќ на босанското државно обвинителство, кое потврди дека и во Сараево се води истрага против него.

Ориќ и неговиот поранешен соработник Сабахудин Мухиќ се обвинети дека за време на војната со своите активности во реонот на Сребреница ги прекршиле одредбите на меѓународното хуманитарно право и Женевската конвенција, како и дека во 1992 година убиле тројца заробени Срби во три различни села близу Сребреница.

Постпка против Ориќ за воени злосторства водеше и Меѓународниот трибунал во Хаг, но тој тогаш беше прогласен за невин. Во Обвиниението на трибуналот не беа вклучени трите убиства на Србите, а истрагата за нив беше иницирана од срското Обвинителство за воени злосторства.

Како еден од командантите на Армијат на БиХ, во која доминираа Бошњаците, Ориќ беше одговарен за организирање на одбрана на Сребреница од силите на босанските Срби.

Од оваа должност тој беше разрешен неколку месеци пред српските сили да го освојат градот во јули 1995 година, по што беше извршен масакр врз околу 8.000 муслимански мажи.

Меѓународното суд го оцени настаните во Сребреница како геноцид.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Кинескиот амбасадор во ОН: Резолуцијата за Сребреница не е во согласност со реториката за мир и стабилност

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца