Почна примената на договорот за интегрирано управување на граничните премини меѓу Србија и Косово

Од:

Денеска почнува примената на договорот за интегрирано управување со граничните премини меѓу Србија и Косово, што беше договорено од премиерите на двете земји Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

Во текот на денот треба да бидат отворени граничните премин Јариње и Мердаре, а до крајот на годината ќе почнат да функционираат и премините Брњак и Бела земја.

Согласно договорот Србите од северниот дел на Косово ќе може и во иднина да користат српски документи и регистарски таблички, нема да биде оданочувана и стоката, што се увезува од Србија во Северно Косово, наведува српскиот весник „Блиц“.

– Очекувам во следните неколку дена да станат јасни конкретните проблеми и наши експертски групи да продолжат со решенија, кои ќе бидат трајни и неутрални во однос на статусот. Тоа е единствен начин Србија да прифати и ги применува договорите, изјави директорот на српската владина канцеларија за Косово Александар Вулин.

Во однос на веќе постоечкиот систем, кој се применува на премините, единствена промена е во тоа дека членовите на косовската и српската полиција ќе бидат сместени во еден објект, поделен од стаклени шалтери, преку кои српските и албанските службеници меѓусебно ќе разменуваат документи.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски