По земјотресот во Љубљана привремено евакуирани училишта

Од:

Привремено се евакуирани училиштата во Љубљана по земјотресот во областа Пивка, на 50 километри северозападно од Љубљана и 40 километри северно од Опатија.

Нема информации за евентуална материјална штета.

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени по Рихтер се случи во 10 часот и 58 минути по локално време. Потресот е почувствуван во цела Словенија и делови на Хрватска.

На подрачјето на Пивка, каде бил епицентарот на земјотресот, општинските власти наредија евакуација на училиштата, но според првичните податоци поголема материјална штета нема.

– За евакуација се одлучувме бидејќи потресот се почувствува силно, особено на вториот и третиот кат, изјави директорката Татјана Славичич од љубљанското основно училиште „Ричард Јакопич“.

Директорката на општинската управа во Пивка Михаела Смрдел изјави дека конкретни податоци за штети се уште нема.

По првиот, силен потрес, регистрирани се уште неколку последователни удари. Најсилните со магнитуда од 2,1 се случиле во 11 часот и три минути и 11 часот и девет минути.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он