По острата реакција на Ескобар, за Бериша американската амбасадорка Јури Ким стана „почитувана“

Од:

По острата реакција на Габриел Ескобар, за обвинувањата против амбасадорката Јури Ким, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, денеска со омекнат став.

Бериша се погрижи да ја пренесе пораката дека нема ништо лично со амбасадорката Јуриј Ким. За разлика од претходно кога ја нарекуваше „гувернерка“, Бериша денеска ја нарече „почитувана амбасадорка“, нагласувајќи дека „неговите ставови се поврзани со прекршувања на нејзините дипломатски областувања, а не со неа лично“.

-Јасен сум и имам најголема почит кон почитуваната амбасадорка кога таа постапува во согласност со претставувањето на претседателот Џо Бајден. Секогаш кога ќе биде спротивно на Виенската конвенција, јас ќе се спротивставам и ќе ја осудувам. Политиките на САД во Тирана се насочени кон поддршка на оваа земја, не можам да се согласам со нејзините постојани ставови и поддршка за владата на Еди Рама и антиопозициските акции, рече Бериша.

По зачестените навреди врз амбасадорката Јури Ким од страна на Бериша и неговите приврзаници заменик-помошник државниот секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, синоќа имаше остра реакција за Топ чанел.

-Шокиран сум од нападите врз нашиот амбасадор во Тирана. Знаеме дека офанзивата на овие напади не го претставува албанскиот народ. Амбасадорката Ким е личен претставник на претседателот на САД. Како што јасно кажа портпаролката на Стејт департментот во декември, очекуваме таа да продолжи да ги објаснува и спроведува американските политики, вклучително и оние на претседателот Бајден, вклучително и одлучноста дека ќе ги повикаме на одговорност оние кои се вмешани во корупција и поткопување на демократијата, остро реагираше Ескобар.

Освен што Бериша ја нарекуваше гувернерка, неговите приврзаници ја нарекуваа госпоѓа, а не амабасадорка, која се меша во внатрешните работи на Албанија и не се однесува во согласност со Виенската конвенција, кршејќи ги сите правилата на однесување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија