Пленковиќ и Милановиќ продолжуваат да разменуваат навреди

Од:

Продолжува вербалната војна и размената на навреди меѓу претседателот и премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ.

Откако Милановиќ (Социјал Демократска партија) го нарече премиерот Пленковиќ (ХДЗ) „обичен штеточинец“ и „терминално неспособен“, претседателот на хрватската Влада денеска го оквалификува шефот на државата како „искомплексиран, љубоморен лажго“.

Вербалната војна посебно се разгоре во петокот, откако Пленковиќ, но и претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ и пратеникот во Саборот од редовите на Самостојната демократска српска странка Милорад Пуповац се спротивставија на изборот на Злата Ѓурѓевиќ за претседателка на Врховниот суд, инаку кандидатка на претседателот на државата. Милановиќ им возврати со референца од наслов на шпагети-вестерн фил и ги нарече„Грдиот, валканиот и злобниот“.

Милановиќ денеска го обвини Пленковиќ дека е „шпиониште“, бидејќи знае дека Ѓурѓевиќ наводно не била прв избор на шефот на државата за претседател на Врховниот суд. На тоа тој го праша премиерот од каде го знае тоа и дали му го прислушкува телефонот.

Попладнево следуваше најновиот одговор на Пленковиќ, кога рече дека претседателот „се однесува како искомплексиран, љубоморен лажго“. Пленковиќ вели дека немал шпиони, туку дека едноставно знае дека Милановиќ претходно имал друг предвид за таа функција.

Би можело да ве интересира

Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија

Ана Ололовска

Словенија ќе ја прошири оградата за заштита од мигранти кон Хрватска

Ана Ололовска

Попис на населението во Хрватска од денеска до 17 октомври

Ана Ололовска

ВИДЕО: Голем пожар кај Задар, пожарникарите цела ноќ се бореле да ги одбранат куќите

Катерина Павлова-Николовска

Учениците со маски, во Хрватска почна учебната година

Катерина Павлова-Николовска

Хрватска вакцинираше над 50 отсто од своето возрасно население

Ана Ололовска