Пленковиќ: Хрватска е за проширување на ЕУ со ЈИЕ

Од:

Хрватска го поддржува процесот на проширување на Европската унија кон соседните земји, изјави премиерот на земјата Андреј Пленковиќ во Словенија и предупреди дека без јасна порака до Југоисточна Европа за нејзината европска перспектива, се отвора простор за други глобални сили во тоа област.

– Позицијата на Хрватска е многу јасна. Ја поддржуваме европската перспектива, процесот на проширување на ЕУ во нашите соседни земји. Ние веруваме дека ова е исклучително важно и оти треба силно да ја испратиме оваа порака, изјави Пленковиќ пред неформалната работна вечера со колегите од ЕУ.

Како што јави Хина, тој додаде дека декларацијата ќе содржи термини како што се европска перспектива и процес на проширување, но рече дека „не е реално да се очекува“ дека ќе се наведе и временската рамка за влез на тие земји во ЕУ.

Словенечкото претседателство со Советот на ЕУ предложи во декларацијата да се наведе дека ЕУ треба да биде подготвена да ги прифати сите земји од Западен Балкан најдоцна до 2030 година.

– На тоа се противат пред сè земјите од Западна Европа, но добро е да се постави прашањето за временската рамка, рече Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ најавува формирање влада: Веќе имавме разговори, наскоро ќе се знае

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он