„Пинк“: Откриениот експлозив во Нов Белград е директно поврзан со оружјето во Јајинци

Од:

Експлозивот кој синоќа е пронајден во една гаража во Нов Белград е директно поврзан со оружјето, кое во саботата беше откриено во белградската населба Јајинци, во непосредна близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, објави телевизијата „Пинк“.

Украдениот автомобил марка „Рено меган“, во кој е пронајдено дополнителното оружје, бил забележан во саботата во попладневните часови во шумата во Јајинци, во близина на локацијата каде било откриено првото количество на оружје, наведува телевизијата.

Во рамки на истрагата за пронајденото оружје во саботата, полицијата во една една гаража во Нов Белград го открила автомобилот во кој се наоѓале 400 грама тротил. Станува збор за експлозив со голема разурнувачка моќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ