Пицула избран за известувач на Европарламентот за Западен Балкан

Од:

Хрватскиот европарламентарец Тонино Пицула денеска е именуван за известувач на Европскиот Парламент за препораките за Западен Балкан, пред Самитот во Загреб во мај 2020 година.

Тој ќе биде одговорен за изработка на препорака од ЕП до Европскиот совет и Еврокомисијата со цел отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Една од главните теми и предизвици со кои Пицула ќе се занимава во овој извештај ќе биде пронаоѓање консензус во Советот во однос на процесот на проширување кон земјите од Западен Балкан, се посочува во соопштението од Стразбур, пренесува Хина. Цел на извештајот е да се анализира и да се одговори на новите предлози за реформа на политиката на проширување.

– Дебатата за реформи не смеат да го запрат процесот. Државите треба да бидат оценувани индивидуално, врз основа на индивидуалните заслуги и постигнувања. Црна Гора, на пример, е предводник на тој процес и очекувам остварените резултати и вложените напори да бидат признати и да ги затвори пристапните преговори за време на овој мандат, потенцираше Пицула.

Тој рече дека во соработка со сите држави од Западен балкан и ЕУ институциите, ќе биде понуден сет конкретни препораки кои ќе овозможат отстранување на блокадата и конечно отворање преговори со Северна Македонија и Албанија во мај во Загреб.

Пицула оцени дека францускиот претстедател Емануел Макрон направил грешка кога со блокирањето на отворањето преговори со Скопје и Тирана успеал нешто што не планирал – го врати пшроширувањето во фокусот на расправата на европско ниво.

– Тоа најдобро се виде во денешниот говор на новата претседателка на Урсула фон дер Лајен, која во своето обраќање јасно порача дека вратата на ЕУ останува отворена и таа тема ја истакна уште на почетокот на својот говор, оцени Пицула.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари