Петковиќ ги повика Србите на протест поради договорот

Од:

Портпаролот на Демократската партија на Србија, Петар Петковиќ, ги повика српските граѓаните да се приклучат во денешниот протест на партијата во Белград, со кој ќе упатат барање до претседателот на Србија Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ да поднесат оставка и да распишат референдум за договорот.

-Бараме од Дачиќ и Николиќ да поднесат оставка, бидејќи со тоа и бриселскиот договор со претставниците на косовските Албанци ќе се поништи. Државниот врв да распише референдум на кој граѓаните ќе го искажат својот став за документот кој го потпишаа Дачиќ и Тачи – изјави Петковиќ.

Тој додаде дека даваат поддршка на сите мирни собири на кои граѓаните ќе го изразат своето незадоволство поради договор кој е потпишан во Брисел.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија