Палмер во посета на Албанија, средба со Еди Рама

Од:

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер доцна попладнево допатува во Тирана, во рамки на неговата балканска турнеја.

Целта на посетата е да помогне во наоѓање решение за излез од длабоката политичка криза во која се наоѓа Албанија.

Како што беше најавено, првата средба Палмер ја имаше со премиерот Еди Рама, која траеше еден час и половина.

– На средбата посебен акцент бил ставен на значењето што го има за иднината на Албанија почетокот на преговорите со ЕУ, како и стратешката улога што Албанија ја одигрува во НАТО, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.

Двајцата соговорници разговарале и околу дијалогот Косово и Србија, како и политичката состојба во регионот.

Америманскиот дипломат посебен интерес покажал за текот на изборните реформи во Албанија и го повторил апелот даден и претходно од Вашингтон и Брисел дека не постои ниту една причина да се „разговара за легитимноста на Парламентот и Владата“.

Во текот на утрешниот ден Палмер ќе се сретне со претседателот Илир Мета, како и со лидерите на двете најголеми опозициски партии, Демократската на Љуљзим Баша и на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади.

И додека Палмер се обидува да посредува во изнаоѓање решение за излез од политичката криза во оваа земја, обединетата опозиција се подготвува за „најмасовниот досега национален протест” закажан за 13 април.

Би можело да ве интересира

За Таравари утрешниот настан е седница, а не средба со Централното претседателство

Таравари ги викнал на средба членовите на Собранието на Алијанса пред седницата која ја свика Села

Александар Тодески

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

Ковачевски и Мицкоски на средба в среда, ќе се разговара и за мнозинство за промена на Уставот

A1on

Рама: И Зеленски ќе заврши како лидерите на ОВК

Горан Наумовски