Ковачевски и Мицкоски на средба в среда, ќе се разговара и за мнозинство за промена на Уставот

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се сретнат во среда во Клубот на пратеници.

Владата информираше дека дека на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот.

„На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“, соопштија од Владата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нашето стратешко партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

Мицкоски: За помалку од една година исплативме повеќе од девет милијарди денари субвенции

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски