Пахор: Арбитражата треба да ја заврши работата

Од:

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој беше премиер во 2009 година, кога е постигнат договорот со Хрватска за арбитража за границата во Пирански Залив, денеска изјави дека сака арбитражата да ја заврши работата.

Откако врз основа на стенограмите е откриено договорањето на судиите во арбитражниот совет со претставничка на словенечката Влада, Пахор истакна дека двете страни вложоле голем труд за постигнување на договорот и оти сака арбитражата да ја заврши работата.

Пахор додаде дека сака да го види решен граничниот проблем „кој 18 години ги труе односите меѓу двете држави, помалку или повеќе непотребно“.

– Билатералните односи се пријателски и такви ќе останат, посочи словенечкиот претседател.

Во меѓувреме Словенечка државна телевизија јави дека словенечкиот член во Арбитражниот суд во Хаг Јернеј Соколец поднесе оставка поради скандалот поврзан со граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска.

Тој се повлекува од функцијата еден ден откако хрватски и српски медиуми објавија стенограми од негови разговори со пратеничката во словенечкиот Парламент Симона Дреник, при што договараат Словенија да добие две-третини од Пиранскиот Залив.

Дреник исто така најави дека ќе поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он