Паѓа ли договор меѓу Белград и Приштина во Брисел?

Од:

Белград и Приштина денеска ќе го започнат десеттиот и според сите најави последен дијалог за нормализација на односите што со посредство на Европската унија се одржува во Брисел, јавува дописникот на МИА од европската престолнина.

Српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ, односно Хашим Тачи, најпрво ќе одржат одвоени, а потоа и заедничка средба со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон и се очекува за максимум три часа да постигнат договор, кој според српската делегација официјално ќе биде потпишан во понеделник, неколку часа пред Ештон да го претстави извештајот пред Советот на министри во Луксембург.

Според договорот што е веќе на хартија и го чека потписот на Дачиќ и Тачи, а во кој имаше увид дописникот на МИА од Брисел, може да се каже дека Србите добиваат речиси се што бараа, додека Косово, што е најважно за новоформираната европска држава – ќе има сувереност на целата своја територија.

Главна точка од овој договор е тоа што се создава Асоцијација на српските општини (Албанците че ја нарекуваат асоцијација на општини, а Србите заедница на општини). Во четирите општини на северот на нашиот сосед: Лепосавиќ, Зубин поток, Северна Митровица и Звечане, каде мнозинско е српското население, т.н. Асоцијација ќе предложи шеф на полиција, кого ќе го именува министерството за внатрешни работи на Косово.

Исто така, според договорот ќе има косовски Апелациски суд од Приштина, каде внатре во косовскиот судски систем ќе се создаде панел од косовско-српски судии кои ќе се знаимаваат со прашањата во општините со српско мнозинство плус едно одделение од приштинскиот Апелациски суд ќе биде во Северна Митровица.

Исто така, предвидено е да се основа заеднички Совет за имплементација на денешниот договор, заедно со помош на ЕУ. Она што е исто така важно е дека според договорот, се ќе се спроведува во рамки на косовските закони, при што нема да има потреба од менување на српскиот Устав.

Инаку, составот на косовската полиција се предвидува да биде рамномерен со мешан етнички состав, но сите што ќе бидат дел од косовското МВР ќе добиваат плата од централата. Најспорна е точката 14 која како што е предложена вели дека страните нема да се блокираат една со друга во однос на членството во меѓународните организации и тела, ниту ќе охрабри некој друг тоа да го прави. За Србите тоа е неприфатливо оти е рамно на признавање и како модус за излез се споменува можност тоа да се формулира на начин што двете страни нема да се блокираат една со друга во процесот на европските интеграции.

Во однос на овластувањата на Армијата на Косово на целата територија, денеска пред почеоткот на дијалогот со посредство на ЕУ, српската делегација утринава од генералнито секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен побара во договор со Алијансата да се гарантира безбедност на српското население во севернито дел на Косово.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија