Паднаа две гондоли на жичарница во Словенија, нема повредени

Од:

Две празни гондоли од ски-лифт во скијачкиот центар Канин во северозападниот дел на Словенија денес се срушиле откако челичниот кабел излетал од лежиштето, а според претставниците на туристичкиот центар, нема повредени.

Алеш Уршич, шеф на скијачкиот центар Канин, каде што се наоѓа патеката на највисока надморска височина во Словенија, рече дека по паѓањето на гондолите никој не бил повреден, додавајќи дека во тек е спасувачка мисија за да стигнат до двајца скијачи кои останале заглавени во една гондола кога жичарата застанала.

Според неговите зборови, причината за паѓањето на гондолите во скијачкиот центар, кој се наоѓа во близина на границата со Италија, ќе биде познат за неколку дена.

Како што објави словенечката телевизија РТВ Словенија, спасувачките екипи се очекува лесно да стасаат до блокираните скијачи, со оглед на тоа дека гондолата во која се заглавени, застанала над релативно достапен терен.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он