Пацоли утре во посета на Подгорица за демаркацијата на границата со Црна Гора

Од:

Првиот вицепремиер и шеф на косовската дипломатија,Беџет Пацоли утре ќе престојува во Црна Гора,каде се очекува да разговара околу демаркацијата на косовско-црногорската граница.

– Утре ќе престојувам во официјална посета на Црна Гора. Освен со мојот колега Срѓан Дармановиќ,ќе остварам средба со вицепремиерот и министер за правда,Зоран Пажин, а ќе се сретнам со претседателот на парламентот Иван Брајовиќ. Попладнето ќе се сретнам со претседателот Филип Вујановиќ, напиша Пацоли на својот Фејсбук профил.

Според него,последната средба на Пацоли ќе биде со претставниците на политичките партии на Албанците во Црна Гора.

Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница е потпишан во Брисел кон крајот на август 2015 година. Претходната владејачка коалиција го немаше потребното двотретинско мнозинство за негова ратификација. Опозициските пратеници,меѓу нив и оние од партијата на актуелниот премиер Рамуш Харадинај, се спротивставија со тврдење дека Косово со овој договор губи повеќе од осум илјади хектари земја.

Харадинај,првиот ден по изборот на владата,како премиер, ја разреши комисијата која го подготви документот и формира нова.

Од друга страна претседателот на црногорската комисија за обележување на гранцата со Косово, Милан Пауновиќ, деновиве изјави дека очекува тоа прашање да биде заокружено според веќе постигнатиот договор меѓу двете страни.

Актуелната верзија на договорот ја поддржуваат и странските дипломати во Приштина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов