Пациентите кои немаат Ковид-19, а се на интензивна нега во грчките болници, доколку е потребно ќе се префрлаат во приватни клиники

Од:

До крајот на месецов, во државните и воените болници во Грција, се ослободува простор и објектите, просторите и креветите ќе бидат наменети исклучиво за пациенти заразени со коронавирусот, додека пак оние што се хоспитализирани на одделите за интензивна нега, а не се ковид-пациенти, доколку биде потребно, ќе бидат префрлени во приватни клиники, предвидува заедничка министерска одлука објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Стар“ рече дека со ова, „се дава можност, случаите што не се ковид од одделите за интензивна нега од државните болници да бидат префрлени во приватните клиники“.

Објасни дека соработуваат со приватниот сектор и тоа е „заедничка битка со коронавирусот“, но и за да има можност, некои од единиците за интензивна нега да се претворат во единици за Ковид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски