Отворена можноста Словенија да прогласи вонредна состојба поради приливот од мигранти

Од:

Официјален претставник на словенечката владеачка партија – Партија на модерниот центар, денеска изјави дека прогласувањето вонредна состојба заради миграциската криза останува можност, иако Владата се надева дека ќе ја избегне со тоа што на армијата и даде некои полициски надлежности, пренесоа американските медиуми.

Симона Кустец Липицер, високо позициониран претставник на партијата на премиерот Миро Церар денеска изјави дека во земјата можно е да се прогласи вонредна состојба во случај на „драстично влошување на ситуацијата“.

Словенечкиот Устав предвидува можност за прогласување вонредна состојба кога има јасна и непосредна закана за земјата. Таа официјално се прогласува од страна на Парламентот на предлог на Владата.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он