Освен забраната за движење, Кипар воведува и полициски час

Од:

Забрана за собирање други луѓе во домовите, освен постојаните жители, односно забрана за одење на гости; воведување полициски час, т.е. забрана за движење на лица од 21 часот до 6 часот, освен за оние кои имаат потврда дека одат на работа; дозволено движење само еднаш дневно со испраќање смс порака; зголемување од 150 на 300 евра на казната за прекршување на забраните, се дел од новите, построги мерки на Кипар за справување со коронавирусот што денеска ги соопшти Министерот за здравство Константинос Јоану, а стапуваат на сила утре попладне, јави дописничката на МИА од Атина.

Забраната за движење на Кипар, воведена на 24 март 2020, е речиси идентична со онаа во Грција, а граѓаните, од нивните домови, смеат да излезат (освен оние кои работата), само во случај: да се снабдат со неопходни производи; да посетат лекар или аптека; да отидат во банка; да посетат лица на кои им е неопходна грижа; да присуствуваат на погреб, свадба или крштенка кај роднини од прв и втор степен; како и за прошетка на домашно милениче или индивидуално спортување.

Од утре, граѓаните во текот на денот ќе можат да излезат само поради една од горенаведените причини и тоа со испраќање на смс порака.

Министерот за здравство на Кипар соопшти дека се разгледува можноста за воведување на електронски надзор, со електронска нараквица на сите оние што се позитивни на коронавирусот, а се наоѓаат во домашна изолација за да се следи и ограничи нивното движење.

Во изминатите 24 часа на Кипар се потврдени 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број во земјата се зголеми на 230, додека пак животот го загуби уште едно лице и од почетокот на епидемијата регистрирани се седум жртви.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час