Осмооделенка со нож дојде во училиште во Чачак: „Братот и го фрлија во канта, таа дојде да се одмазди“

Од:

Во ОУ „Танаско Рајиќ“ во Чачак ученичка од осмо одделение за време на попладневната смена влегла во училишниот двор и со нож му се заканил на момче, ученик од ова училиште. Според очевидци, на овој начин сакала да го одбрани својот брат кој бил малтретиран од неговите врсници на одреден начин.

За инцидентот биле известени сите надлежни за овој случај, а реагираше и полицијата.

„Она што го знаеме е дека нејзиниот брат бил ставен во канта од момчињата. Таа најверојатно по тој настан дошла на училиште со нож да се справи со насилниците. Не оправдувам никого, но тоа што се случува во ова училишта е страшно. Има некои вибер групи меѓу учениците, во кои децата си упатуваат грозоморни закани“, изјави за РИНА таткото на еден од учениците од ова училиште.

Директорот на училиштето Милорад Тешиќ потврди дека инцидентот се случил во петокот попладне, но не сакаше да даде конкретна изјава за овој случај. Според неговите зборови, подетални информации ќе имаат на почетокот на неделата кога ќе имаат можност да разговараат и со други ученици, очевидци на настанот.

Би можело да ве интересира

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ

Исчезна 14-годишна девојка на пат кон училиште во Скопје: Мајката со апел за помош

Орце Костов

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов

(ВИДЕО) Специјалци упаднаа во училиште во Хамбург, се трага по вооружени ученици

Горан Наумовски

Маж се разнесе со бомба на железничката станица во Чачак

Горан Наумовски

Убиена 46-годишна жена во Кочани, пред својата куќа – убиецот и нанел 40 убоди со нож

Анита Петровска Рајковиќ