МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) смета дека е непотребно мешањето на политиката во случајот во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка каде дел од родителите на учениците поддржани од жителите и наставниците ја бојкотираат наставата и бараат МОН да ја укине новоформираната паралелка на албански наставен јазик.

-МОН се заложува за овозможување на правото на образование на мајчин јазик за секој ученик, затоа што тогаш воспитно – образовниот процес е најефикасен и ефективен. Во посоченото училиште во Чашка е постапено согласно барањата на дел од жителите во населеното место и имајќи предвид дека сите останати услови се исполнети, а најважно е што постојат и просторни услови, како и обезбедени се средства од Министерството за финансии, се отвори паралелка на албански наставен јазик, велат од МОН.

Нагласуваат дека е непотребно мешањето на политиката во овој и слични случаи, затоа што, како што посочуваат, со тоа се наштетува на најдобрите интереси на младите – а тоа е да имаат квалитетно образование достапно на својот мајчин јазик.

Во Полициската станица во Велес, пак, вчера во 13:30 часот, в.д директорката на ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка, Елена Николова (53), пријавила дека утрото пред влезот на училиштето каде се одржувал јавен собир на група на граѓани, била физички нападната од едно лице.

Како што денеска информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку веќе четврта недела родителите на учениците поддржани од жителите и наставниците ја бојкотираат наставата, а децата седат дома. Тие имаат единствено барање до МОН да ја укине новоформираната паралелка на албански наставен јазик, а четирите првачиња да се вратат на настава со своите другарчиња Македонци со кои учеа заедно од 1 септември. Се жалат дека директорката Николова одбива да разговара со нив, а тие не и дозволиле да влезе во училиштето, информираат за МИА од Советот на родители.

Како што појасни Цвета Пешовска родител и член на Советот на родители, директорката Николова сепак во два-три наврати од родителите била пуштена во училишната зграда. Според Пешовска, директорката и самата влегувала во училишната зграда уште рано во 5 часот наутро, пред во дворот да дојдат родителите на мирен протест.
В.д директорката Елена Николова денеска не се појавиле во дворот на училиштето, информираат од Советот на родители

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите