Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Од:

СВР Велес поднесе кривична пријава против едно лице од Чашка за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ кој додека бил градоначалник постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 вработени во општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник. Додека, на едно лице – спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите, посочуваат од Министерството.

На тој начин, како што наведуваат од МВР, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари. Исто така, како што нагласуваат, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.

Би можело да ве интересира

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Полицијата поднесе кривична против екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, осомничен е за проневера во службата

Горан Наумовски

Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба