Кривична против тројца скопјани за нападот врз 14-годишник во Ченто

Од:

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи за случајот со напад на 14-годишен малолетник во Ченто.

Од МВР информираат дека СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднела кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик.

-Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на ул. „Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди – информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и пронајден бил ножот со кој било извршено кривичното дело и бил предаден на вештачење, а по преземени мерки пријавените биле лишени од слобода и со нив бил извршен службен разговор.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 10 пијани возачи – меѓу нив и две жени

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

На тротоар прегазена 74 годишна радовишанка

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Кривична пријава против 27 лица – незаконско внесуваa категории во возачки дозволи

А1он