Организаторот најавува: Парадата во Белград ќе се одржи, ќе има 15.000 учесници

Од:

Активистот на ЛГБТ+ заедницата Горан Милетиќ изјави дека „Европрајд 2022“ сигурно ќе се одржи во Белград и дека се очекуваат околу 15.000 учесници.

Милетиќ за агенцијата Бета изјави дека ќе се одржат сите веќе планирани настани за периодот од 12 до 18 септември.

„Од настаните на отворен простор, прошетката ќе се одржи на 17 септември, а два концерта на Калемегдан на 16 и 17 септември“, рече Милетиќ, кој е еден од организаторите на Европрајд.

Тој додаде дека во моментов нема забрана од страна на државата, но дека е можно Владата да донесе одлука за забрана на прошетката и попречување на одржување концерти.

„Не очекувам полицијата да забрани собири на отворено бидејќи за тоа нема правни причини. Прошетката ја пријавивме во полиција. Доколку се донесе забрана во следните неколку дена, ќе се жалиме до МВР и до Управниот суд. Граѓаните се многу разочарани од најавата за забрана на Еуропрајд и сигурно ќе се соберат во голем број“, рече Милетиќ.

Тој нагласи дека, без оглед на изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за Еуропрајд, ниту еден од високите гости од странство не ја откажал посетата на Белград и дека секој ден се најавуваат нови гости кои сега сакаат да излезат на Еуропрајд на солидарноста.

„Владиниот однос кон Еуропрајд предизвика голем број луѓе и сега очекуваме на настанот да присуствуваат поголем број учесници од планираното. На денот на прошетката очекуваме околу 15.000 луѓе“, рече Милетиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски