Општина Солун со дрон ќе ги информира граѓаните да останат дома

Од:

Дрон на општина Солун ќе прелетува низ градот и со снимена порака ќе ги потсетува граѓаните дека треба да останат дома, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Дронот, секојдневно ќе лета во делови од Солун каде што ќе биде потребно да се испрати пораката да се избегнат непотребни движења.

-Остануваме дома, се заштитуваме самите и ги заштитуваме ранливите групи. Ги ограничуваме непотребните движења. Во овие критични моменти, нема друго место како дома. Ранливите групи да се јават во Општина Солун за помош дома, е пораката која според АНА-МПА се испраќа до граѓаните.

Советникот за цивилна заштита од Општина Солун, Василис Моисидис за грчката новинска агенција вели дека за информирање на граѓаните, сега веќе се користи и модерната технологија.

-Задоволни сме од напорите на нашите сограѓани. Сликата што ја гледаме денеска на шеталиштето е целосно задоволителна и се чини дека луѓето ја примија пораката, вели Моисидис.

Шеталиштето покрај морето во Солун од минатиот вторник е целосно затворено за време на викендите, а преку недела е отворено само од 8 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски