ОН: Не е усвоена резолуција за Сребреница

Од:

Предлог-резолуцијата на Велика Британија за Сребреница не е усвоена поради негативно гласање на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации.

„За“ гласааа десет членки, четири беа „воздржани“, а Русија беше „против“.

Амбасадорот на Русија во ОН, Виталиј Чуркин побара да не се става британската резолуција за Сребреница поради неговата најава дека ќе стави вето.

Кина предложи гласањето да се одложи додека не се постигне консензус на сите земји-членки на СБ во ОН.

Амбасадорката на САД во ОН, Саманта Пауер го оквалификува денеска ветото на Русија врз британската резолуција за Сребреница како „уште една дамка на репутацијата на Советот за безбедност на ОН“.

– Да ја наречеме Сребреница со вистинско име – тоа беше геноцид. Тоа не би требало да го негираме, изјави таа обраќајќи се во СБ и додаде дека е важно и „мозкот и командантот на геноцидот во Сребреница, Ратко Младиќ и Радован Караџиќ да бидат соодветно казнети во Хаг“.

– Во Сребреница се случи геноцид, повтори таа наведувајќи дека тоа го утврдиле Хашкиот трибунал и Меѓународниот суд за правда.

Амбасадорот на Русија во Обединетите нации Александар Чуркин, кој стави вето на нацрт-британската резолуција за Сребреница, изјави денеска дека резолуцијата само би довела до зголемување на тензиите на Балканот.

Тој изјави дека усвојувањето на резолуцијата, бидејќи нема консензус за нејзината содржина, би било контрапродуктивно и би водело кон зголемување на тензиите во регионот.

Рускиот амбасадор додаде дека Русија се надева дека комеморацијата во Сребреница ќе биде искористена за поглед кон иднината, што Русија и и го пренела на мисијата на Велика Британија, земја која работеше на нацрт-резолуцијата.

Би можело да ве интересира

Кинескиот амбасадор во ОН: Резолуцијата за Сребреница не е во согласност со реториката за мир и стабилност

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов