Од сезонски грип во Грција починале 77 лица

Од:

За само една недела во Грција се регистрирани 17 нови смртни случаи од сезонски грип, а од почетокот на сезоната, односно од октомври минатата година, заклучно со 23 февруари 2020, 77 лица починале од грип, покажува неделниот извештај на грчката Националната организација за јавно здравје.

Од починатите 77 лица, 44 се мажи, 33 жени на возраст од четири до 91 година, а 72 односно 93,5 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

За една недела седум лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019, се зголеми на 206 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски