Обвинителство на БиХ: Од Кина набавени 100 неупотребливи респиратори

Од:

Сто респиратори од Кина што неодамна ги набавил кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина за болници во ентитетот се неупотребливи и нема да се користат на одделенија за интензивна нега на тешки пациенти со коронавирус, потврди обвинителството на БиХ.

Државното обвинителство појасни дека истрагата за спорната набавка на респиратори, отворена на 4 мај, спровела стручна експертиза на машини купени во Кина, откривајќи дека „тие ги немаат ниту минималните основни карактеристики за правилен третман на пациенти“, вклучително и за оние кои се болни од Ковид-19.

„Употребата на овие вентилатори во единиците за интензивна нега не се препорачува“, се вели во соопштението, додавајќи дека интензивната истрага продолжува и дека се испитуваат сите околности под кои се набавени респираторите со буџетски средства. Апаратите ги набавила фирма на извесен Фикрет Хоџиќ кој е познат само по тоа дека е водител на ријалити шоу на локална телевизија. Неговата фирма во момент на потпишување договор немала потребна дозвола за трговија со медицински апарати. За апаратите во директна спогодба се платени 5,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Против Додик е поднесена кривична пријава за навреда на Бошњаци

А1он

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски