(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

Од:

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Кина нема да отстапи во трговскиот конфликт. Тие ја споредија американската политика со окото на торнадо кога сè изгледа мирно за момент, но јасно е дека доаѓа уште посилна бура.

Во видеото се апелира меѓународната заедница да се спротивстави на, како што го нарекуваат, „американското малтретирање“, а преку низа примери ги прикажуваат наводните негативни последици од американската економска доминација.

Како илустрација, тие споменуваат како, според нив, агресивната американска економска стратегија ги уништи компаниите како Тошиба и Алстом, притоа предизвикувајќи долгорочна економска штета на некои земји, како Јапонија.

„Попуштањето пред насилникот само ја продлабочува кризата. Кина нема да падне на колена“, вели нараторот во видеото, снимено на англиски јазик со кинески преводи. Пораката ја прикажува Кина како симбол на слободната трговија и сигурен партнер на глобалната сцена.

Посебно е интересно што САД во видеото ги нарекуваат „тигар од хартија“ и нагласуваат дека оваа земја не го претставува глобалното мнозинство. „Насилниците се хартиени тигри, а САД не го претставуваат светот“.

„Кога светот зборува со еден глас, САД остануваат изолирани“, се вели во пораката, предупредувајќи дека Вашингтон ќе продолжи да води нестабилна и агресивна политика.

Како заклучок, Пекинг вели: „Нема да се повлечеме. Дури и послабите ќе имаат можност да им се слушне гласот“.

„Колку е потемна ноќта, толку ѕвездите се посветли“, додаваат на крајот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран се согласи на сè

Трамп: Ова е историски ден, време е убиствата да престанат

Трамп: Ормускиот теснец ќе биде отворен за бродови за време на траењето на прекинот на огнот

(ВИДЕО) Трамп: Иран се согласи да го предаде ураниумот, војната може наскоро да заврши

ВИДЕО: Прослави во Либан, Трамп се надева дека „Хезболах ќе се однесува убаво“

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина