(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Од:

Најмалку 22 лица загинаа, а тројца се повредени во пожар што избувна во ресторан во градот Лиаојанг, во североисточната кинеска покраина Лиаонинг, објавија кинеските државни медиуми. Пожарот избувнал околу 12.25 часот по локално време, објави Синхуа.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика да се вложат сите напори за да се помогне на повредените во пожарот.

Си нагласи дека пожарот е „отрезнувачка лекција“ и ги повика локалните власти брзо да ја утврдат причината за пожарот, да им пружат помош на повредените и да ги повикаат одговорните на одговорност.

Кинескиот претседател, исто така, рече дека, со оглед на приближувањето на Денот на трудот и патувањата по тој повод, властите мора да обезбедат безбедносни мерки.

Нема непосредни информации за причината за пожарот, но снимките и фотографиите од местото на настанот покажуваат голем пожар што ги зафаќа прозорците и вратите на двокатната или трикатната зграда, јавува АП.

Агенцијата додава дека индустриските несреќи често се случуваат во Кина, обично затоа што персоналот не ги спроведува соодветно безбедносните мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви