„Новости“: Србија во октомври ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Од:

Лидерите на државите од ЕУ на крајот на јуни на Европската комисија ќе и наложат да ја разработи платформата за приклучување на Србија, а датумот за официјален почеток на преговорите треба да биде определен во октомври, кога ќе биде подготвен новиот извештај на Штефан Филе за напредокот на земјата, пишува весникот „Вечерње новости“.

Весникот посочува дека шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ се наклонети на таквото сценарио.

Одлуката на Европскиот совет на 28 јуни најверојатно ќе соддржи и клаузула дека датумот на официјалниот почеток на преговорите може да се одложи, доколкусе процени дека спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина не оди со очекуваното темпо, пишува весникот.

Геј двојките во Србија и натамуго чекаат законот што предвидува регистрирање на еднополовите двојки, соопштуваат белградските весници. Расправата за законот што го определува начинот на регистрирање на еднополовите двојки вчера не се оддржа, пишува „Новости“.

Од канцеларијата за човекови и малцински права, која соопшти за средбата на 4 јуни, изјавија дека расправата била одложена бидејќи некои од учесниците биле спречени да учествуваат.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on