Новите советници во општина Северна Митровица дадоа заклетва, има само еден Србин

Од:

Во Собранието на општина Северна Митровица, 16 нови советници дадоа заклетва, од кои само еден е Србин, Душан Милуновиќ од листата на „Граѓанска иницијатива српски опстанок“.

Откако Србите ги напуштија косовските институции, ЦИК одобри смена на советниците во општинското собрание на Северна Митровица, каде Албанците сега се мнозинство.

Советникот во Советот на општина Северна Митровица Скендер Садику на почетокот на седницата изјави дека има услови за избор на ново раководство и ги прочита точките на дневниот ред, пренесува Косово онлајн.

Советниците на Собранието на Северна Митровица се избрани откако пред еден месец градоначалникот и советниците од Српската листа поднесоа оставки.

.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски