Нова судска истрага против поранешниот словенечки премиер Јанша

Од:

Словенечки суд започна нова истрага против поранешниот премиер Јанез Јанша и двајца поранешни директори на државни претпријатија под сомнеж за злоупотреба на службената положба при зделки со недвижен имот.

Истрагата се однесува на штети нанесени на врз двете државни претпријатија во 2005 година, кога Јанша беше словенечки премиер. Тој е осомничен дека преку овие компании прво продал приватно земјиште во местото Трента за над 130.000 евра, а потоа купил стан во Љубљана за 236.000 евра.

Управата за геодетски работи го проценила земјиштето на многу помала сума од цената по која било продадено, додека станот изнесувал многу повеќе од платената сума.

Јанша, кој е лидер на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), од крајот на минатиот месец се наоѓа во затвор, каде отслужува двегодишна казна поради земање поткуп од финската компанија „Патриа“ во 2005 за зделка при набавка на блиндирани возила за словенечката армија.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он