Нема опасност од пожарот во Пирот

Од:

Пожарот кој изби во погонот на фабриката за хемиски производи во Пирот, во кој двајца работници се полесно повредени, не предизвика опасност за животната средина.

-Поради граѓаните од Пирот и околината важно е да се истакне дека нема опасност за животната средина, а проценка на штета наредните денови ќе извршат надлежните служби. Тогаш прецизно ќе се знае и причината за пожарот, наведува компанијата „Тигар“, во чиј состав е погонот.

Благодарение на превентивните мерки и брзата реакција на вработените и противпожарната служба, пожарот за кратко време е локализиран и не е причинета поголема материјална штета.

Од компанијата „Тигар“ очекуваат најдоцна за две недели да се нормализира процесот на производство во фабриката за хемиски производи.

Според зборовите на началникот на приемното одделение во болницата во Пирот, Дејан Величковиќ, еден работник е примен со полесни изгореници на рацете, а друг во состојба на стрес и со висок крвен притисок.

Граѓаните кои што живеат во непосредна близина на фабриката изјавија дека во раните утрински часови слушнале експлозија, по што во воздухот се проширил силен мирис на хемикалии.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија