Наполнето најголемото српско складиште за гас „Банатски двор“

Од:

„Газпром“ го наполни најголемото српско подземно складиште за гас „Банатски двор“, соопшти прес-службата на српскиот гасен монопол по завршувањето на работната средба меѓу директорот на „Газпром“, Алексеј Милер и генералниот директор на државното српско претпријатие за гас „Србијагас“ Душан Бајатовиќ.

Активниот капацитет на „Банатски двор“ изнаесува 450 милиони кубни метри гас.

Според „Газпром“, „Банатски двор“ ќе се претвори во дополнителен ресурс за обезбедување на потрошувачите во Србија со руски гас, а, исто така, ќе стане гарант за редовноста на руските испораки во Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина во текот на зимата.

Учесниците на средбата ја разгледале реализацијата на заедничкиот инфраструктурен проект „Јужен поток“, во рамки на кој во моментов се очекува добивање одобрение за изградба на делот од гасоводот низ територијата на Србија.

„Банатски двор“ функционира од 2011 година. Складиштето е првиот објект на „Јужен поток“ и ќе се користи за обезбедување на редовноста на испораките на гас по гасоводот, посочуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија