Најавено формирање нова политичка партија во Словенија

Од:

Познатиот словенечки правник и експерт по уставно право Миро Церар најави дека ќе формира нова политичка партија, со која заедно со своите истомисленици ќе настапи на претстојните вонредни парламентарни избори во Словенија, објави во денешниот број љубљанскиот весник „Дневник“.

Според весникот, основачкиот конгрес на новиот политички субјект ќе се оддржи во втората половина на мај и на него ќе бидат претставени името и програмата на новата партија и ќе биде избран нејзииот претседател, иако нема сомнежи дека тоа ќе биде Церар.

Во изјава за „Дневник“ Церар вели дека новата партија ќе биде „независна и на граѓаните ќе им претстави нова визија за развојот на Словенија“.

Церар изјави дека не сака да го поврзуваат со партијата Либерална демократија на Словенија (ЛДС) или со кои било друг политички субјект, како што беше посочувано во некои медиуми последните денови.

Тој најави дека во неговиот политички субјект ќе има многу нови личности кои до сега не биле членови на ниту една  партија, но и лица кои биле активни во политиката, но останале некомпромитирани.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он