Над 700 војници и помагаат на полицијата за решавање на имиграциониот проблем во Словенија

Од:

Над 700 војници и помагаат на полицијата за решавање на проблемот со имигрантите во Словенија, јави ТАСС.

Генералштабот на словенечкит вооружени сили, соопшти дека во моментот справувањето со потокот имигранти е приоритетно за армијата и началникот на Генералштабот Андреј Остерман потпишал наредба армијата да и помага на полицијата при прифаќањето, регистрацијата и нивното сместување.

Војниците веќе соработуваат со полицијата во камповите за имигранти во градовите Ново Место, Марибор, Брежице и Шентил. Полициските патроли добиваат техничка поддршка од армијата, а за контрола на границата се доставени и воени хеликоптери.

Во моментот се ангажирани 718 војници на терен и околу 800 во логистика.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он