Над 6.000 лица евакуирани во Србија поради поплавите, свлечишта затрупаа куќи во БиХ

Од:

Спасувачките екипи очекуваат подобрување на атмосферските услови, за да можат со хеликоптер да ги евакуираат илјадниците луѓе, кои очекуваат спасување по покривите на поплавените куќи во Србија и Босна и Херцеговина, каде водата на места достигна до вториот кат на зградите.

Властите во двете земји ги опишаа поплавите како најлошите во историјата.

Во Босна и Херцеговина ситуацијата се усложнува поради над 200 свлечишта, кои затрупаа куќи и повредија луѓе. Засега не се соопштува за жртви.

Мисијата на ЕУ во Босна ЕУФОР соопшти дека ниту нејзини припадници, ниту армијата, можат да достигнат до некои населби по копно, а лошата видливост попречува на хеликоптерите да се приземјат.

Според последните податоци на српското МВР, досега во земјата се евакуирани 6.175 лица, 20 се повредени, а еден се смета за исчезнат.

Во спасувачките операции се ангажирани противпожарните служби, специјалните единици за борба против тероризмот, жандармеријата и армијата, специјални автомобили, чамци, цистерни и воени хеликоптери, како и сите ресурси на општинските претпријатија и органите на локалната самоуправа.

Властите ги повикаа сите луѓе кои поседуваат чамци да ги достават за спасувачки операции.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија