Нацрт-резолуција на косовските владејачки партии: Границите се неповредливи

Од:

Лидерите на владејачките партии на косовските Албанци, на вчерашниот состанок свикан од претседателот на Собранието Кадри Весели, усвоија нацрт-резолуција за дијалогот со Србија, која ќе ѝ ја понудат и на опозицијата за усогласување, јави дописникот на МИА од Приштина.

Весели, кој е и претседател на Демократската партија на Косово (ПДК), ги собра на состанок премиерот и лидер на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај, вицепремиерот и лидер на Иницијативата за Косово (Нисма) Фатмир Лимај, како и вицепремиерите Енвер Хоџај и Дардан Гаши, пред кои, како што беше објавено, ја изложи потребата за постигнување консензус меѓу парламентарните партии во врска со дијалогот.

Со нацрт-резолуцијата, која, по усогласувањето со опозицијата, треба да биде доставена на разгледување и усвојување во Собранието, се предвидува постигнување „правно обврзувачки договор, кој ќе доведе до меѓусебно признавање на Република Косово и Република Србија.

– Република Косово е независна, суверена, демократска, единствена и неделива држава. Границите на Република Косово се неповредливи и за нив не може да се преговара, се вели во првиот од шесте члена на резолуцијата.

Во натамошниот текст се нагласува дека „Косово не прифаќа трет стрепен на власта, кој може да ја доведе под сомнение внатрешаната и институционалната функциналност“ на земјата, а се поддржува олеснувачката улога на Европската унија и САД за постигнување на меѓународно правно обврзувачкиот договор.

Со овој договор, се вели понатаму, на Косово ќе му се овозможи зачленување во Организацијата на Обединетите нации и во сите други меѓунаордни организации во кои до сега не е зачленето.

Предвидено е и формирање на делегација за дијалогот со Србија, која ќе ја предводи вицепремиерот Лимај, а во која ќе членуваат уште пет претставници на Владата и по еден претставник од четирите опозициски партии на Албанците во Собранието.

– Собранието на Косово е врховниот авторитет кој ќе ја ратификува меѓународно правно обврзувачката спогодба меѓу Република Косово и Република Србија со гласовите на две третини од сите пратеници, како што се ратификуваат меѓународните договори за територија, мир, сојузи, воени и политички прашања, се вели во последната точка од резолуцијата, во која воопшто не се споменува претседателот Хашим Тачи, кој е во моментов главен преговарач во дијалогот со Србија кој се одвива во Брисел.

Претставници на двете најголеми опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределуѕвање (ВВ) синоќа изјавија дека нема да ја поддржат предложената резолуција, барајќи претходно исполнување на некои од условите кои ги имаат поставено.

– Треба првин да се дозволи одржување на седницата која ние (опозицијата) сме ја предложиле, треба да се процени остварувањето на претходните спогодби и потоа да седнеме сите и да работиме (на нацрт-резолуција), а не да се оцени како успешно нешто што е од порано подготвено, изјави за порталот лајми.нет пратеничката на ВВ Арберие Нагавци.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски