Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Од:

Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска преку Фејсбук кажа како ја финансира кампањата.

„Секое утро добивам извештај од сметката за изборната кампања, и иако приливот со донации на граѓани е скромен, останувам длабоко трогната кога ќе видам донации од 200, 500, 1000 денари. Дал кој колку можел, и најважно не му било тешко да оди до банка и да уплати од срце дури и кога никој не го притиска! Водам најскромна можна кампања ама чекорам со обичен и сиромашен ама чесен свет! Благословена сум со вашата верба и грижа. Ви благодарам прекрасни луѓе (најчесто непознати)“, напиша Ванковска.

Досега, таа е и единствениот кандидат кој кажа колку и како течат донациите од граѓаните кои доаѓаат на наменската сметка за претседателските избори. Целосните извештаи од донациите секогаш излегуваат во јавност по завршувањето на изборите и кога партиите истото го поднесуваат во институциите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Левица: Автокамп-дивоградба во Ресен узурпира државно земјиште и незаконски наплаќа од граѓани

МВР ги демантира тврдењата на Левица за испитниот центар во Битола