МВР ги демантира тврдењата на Левица за испитниот центар во Битола

Од:

Во врска со написите на политичката партија Левица, кои се однесуваат на изборот на правно лице кое ќе организира и спроведува возачки испити на подрачјето на СВР Битола, Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира истите, ценејќи ги како целосна шпекулација, со цел дезинформирање на јавноста, велат од МВР.

Во прдолжение целосното соопштение од Министерството за внатрешни работи:

Имено, во однос на постапката за избор на правно лице за добивање на лиценца за испитен центар Битола, информираме дека согласно соодветен Правилник во Министерството за внатрешни работи постои Комисија за разгледување на барањата поднесени по претходно објавен јавен конкурс. Согласно овој правилник, Комисијата врши оценување на правните лица, изготвува бодовна листа и ги одредува најдобро оценетите правни лица кои конкурирале.

Изборот по објавениот конкурс беше изведен согласно пропишаните законски критериуми и норми а на јавниот конкурс беа пријавени „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола и Друштвото за услуги „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола.

Кандидатот за испитен центар „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола НЕ ПРИЛОЖИЛ важечки договор за користење на сообраќаен автодром (полигон) во Подружница „Сообраќаен испитен центар АМ-пријавно место Ресен„ кој е еден од основните предуслови за функционирање на испитен центар, како резултат на што НЕ ГИ ИСПОЛНУВА условите за вршење на пропишаната дејност согласно член 244 став 1 алинеа 4 и став 2 алинеа 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и постојните подзаконски акти.

Тргнувајќи од законски пропишаните надлежности и одредби, Министерството за внатрешни работи, согласно член 240 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата го избра правното лице „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола, кое единствено ги исполнуваше законските услови и кое ќе ги извршува работите на организирање и спроведување на возачките испити на подрачјето на СВР Битола.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на своите законски обврски со цел овозможувајќи им на граѓаните квалитетни услуги, на целосно транспарентен начин, но истовремено апелира до политичките и други субјекти да не ја дезинформираат јавноста со шпекулации и невистини.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци