На крајот на јануари нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

Од:

Кон крајот на јануари во Брисел ќе се одржи нова рунда од преговорите меѓу Белград и Приштина на високо ниво, изјави синоќа во Брисел портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич.

– Новата рунда од дијалогот ќе се одржи кон крајот на јануари, Подготовките се во тек, нагласи Коцијанчич во изјава за Танјуг.

Таа додаде дека во моментов се работи на утврдување на дневниот ред на средбата, но одби да даде детали за содржината на оваа рунда од преговорите.

Српскиот премиер Александар Вучиќ минатата недела најави дека разговорите меѓу Белград и Приштина ќе бидет продолжени на 27 јануари во Брисел.

Тој нагалси дека пред Србија престојат „тешки разговори со Приштина“, но дека проблемите мора да се решаваат, бидејќи тоа е во интерес како на косовските Срби, така и на Албанците.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски