Морничавата приказна за бебињата од Југославија и денеска не е разрешена: „Се уште чувствувам дека е тука“

Од:

Во последните децении се поотворено се зборува за грозоморните приказни за бебиња од Југославија. Случајот се уште не е расветлен. Десетици, стотици, некои велат дека илјадници деца исчезнале од породилиштата низ поранешната држава. На нивните родители им било кажано дека бебињата умреле, но никогаш не дознале зошто и никогаш не можеле сами да ги закопаат децата. Родителите се сомневаат дека децата биле украдени и продадени во западните земји.

„Сестрата ми рече: „Чекај тука, ќе ти ја покажам ќерка ти“. Ми го покажа, но не ми го даде.Гледав низ стаклото.Бев толку далеку од неа. Така ја видов. Дали беше моја или не – не знам“, ја раскажа за RTL својата потресна приказна Марија Немела од Словенија.

Никогаш не држела детето во раце, а единствено што се сеќава е дека девојчето имало црна коса. „Како би се викала? Соња, како мојата ќерка сега“, додава Марија.

Таа денес би имала 63 години. По породувањето, на Марија во болница и рекле дека бебето е здраво, но дека мора да биде во инкубатор бидејќи се родила рано. Ја отпуштиле Марија, Соња останала во болница и со телеграма информирале дека починала.

„Отидов во Канцеларијата за човекови права во Словенија и жената таму ми кажа дека немаат никаква врска со тоа и дека треба да одам во болницата каде што се породив. Отидов во болница, но веќе на телефон ми кажаа: „Па, што сакате госпоѓо?, ќерката ви умре и готово“, раскажува Марија.

И рекле да не тагува затоа што и онака ќе роди уште деца. Не извадила ниту умреница, ниту извод од матична книга на родените, не знае ни каде е погребана нејзината ќерка бидејќи за тоа, како што и рекле, се погрижила болницата. Како Марија никогаш да не се породила.

Слично се случило и со семејството Јесеничкник. Сузана Јесеничник покажува фотографија од породилното одделение каде недостасува нејзиниот брат близнак Јанко.

„Не го познаваш брат ти близнак, ние бевме близнаци, а јас никогаш не го преболев, чувствувам дека е таму. Не се откажавме од него, мислиме дека е украден и продаден“, вели Сузана Јесеничник од Словенија.

Нејзиниот брат исто така бил здрав се додека ненадејно не стигнало известување од болницата дека починал од инфекција на белите дробови. Не можле ни погреб да направат. Се погрижила болницата и во овој случај.

На нејзиното семејство ѝ било кажано дека е погребан на гробишта, но никогаш не смееле да го пренесат во семејната гробница, а по извесно време гробиштата биле преместени, изградени се нови. Гробот на Јанко веќе го нема. Документите што им биле дадени во болницата имаат нејасни, па дури и неточни информации. Некои од нив немаат печат.

„Очигледно, речиси идентична ситуација им се случила и на сите други мајки. Не го виделе починатото дете, не смееле сами да го закопаат, немало погреб. Ниту татковците не ги виделе“, додава Сузана.

На сличен начин, велат, само во Словенија исчезнале 56 бебиња, најмногу во 70-тите и 80-тите години. Мајките кои ги бараат своите бебиња повторно ги спои Симона.

„Не можам да кажам дека сите деца починале, одиме повеќе кон тоа дека децата се продадени или незаконски посвоени. Отидов во сите министерства во Словенија, тие убаво ме примија, покажаа разбирање, но немаме никаква соработка, но не се откажуваме“, вели Симона Калањ, која ги застапува сите оштетени семејства во Словенија.

Поради Симона, Марија документите првпат ги добила пред три месеци. По 63 години. Одеднаш пишува дека бебето има пневмонија, дека ја испратиле дома со нејзината мајка, а потоа ја префрлиле на истиот датум. Каде – прашува ова семејство.

„Конкретно, имаме еден случај во кој најмногу веруваме дека детето е живо, а добивме одговор дека детето никогаш не било погребано на гробиштата во Марибор. А од болницата ѝ ветиле на мајката дека ќе го закопаат детето во лимен сандак“, вели Симона.

Има многу такви судбини,на територијата на поранешна Југославија. И сите овие словенечки семејства продолжуваат да ги бараат децата што последен пат ги виделе во породилиштето.

„Цел живот имам чувство дека е некаде во моја близина, дека некаде живее, дека е некаде“, ни раскажува Марија, која се уште ја бара својата ќерка Соња.

Би можело да ве интересира

Последни пресуди за воени злосторства во поранешна Југославија: Двајца Срби осудени на по 15 години

Катерина Ѓуровски

3-годишната Милица загина од шрапнел во сопствениот дом – за 78 дена, 79 деца жртви на бомбардирањето

Анита Петровска Рајковиќ

Путин: Југославија беше бомбардирана без одобрение од ОН, меѓународното право го кршат други земји

А1он

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

А1он

На денешен ден, пред 75 години, жените во Југославија се стекнаа со право на глас

А1он

Германските и американските служби уште во 1977 планирале да ја поделат Југославија на сфери на влијание

Наум Локоски